• сабота, 18 мај 2024

Две ракети експлодираа во близина на брегот на Јемен, нема штета

Две ракети експлодираа во близина на брегот на Јемен, нема штета

Дубаи, 26 јануари 2024 (МИА) - Два проектила експлодираа денеска недалеку од бродот кај брегот на Јемен, соопшти британската агенција за поморска безбедност УКМТО, наведувајќи дека експлозијата не предизвикала никаква штета.

„Бродот и екипажот се безбедни“, соопшти УКМТО, додавајќи дека експлозијата се случила на 60 наутички милји југозападно од градот Аден.

Јеменските Хути поддржани од Иран во последните недели ги засилија нападите на бродови во Црвеното Море, за кои се сомневаат дека се поврзани со Израел, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа, каде што војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас е во тек.

 САД и Велика Британија извршија неколку напади врз позициите на Хутите во Јемен, како одговор на акциите на бунтовниците на важна меѓународна поморска рута. паг/


Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан