• сабота, 27 јули 2024

Двајца Палестинци убиени на Западниот Брег

Двајца Палестинци убиени на Западниот Брег

Рамала, 28 ноември 2023 (МИА) - Израелските сили убиле двајца Палестинци на Западниот Брег, објави израелскиот весник Харец, повикувајќи се на неименувани извори од здравствените служби.

Според извештаите, едно лице е убиено во близина на градот Беитунија на Западниот брег, а друго во блискиот град Рамала, пишува Гардијан.

Израелските сили утринава кренале во воздух и куќа во кампот Деир Амар, западно од Рамала, наведува палестинската агенција ВАФА, а Ал Џезира пренесува дека станува збор за куќата на Дауд Абдел Разак Дарас, Палестинецот кој Израелците го убија во август.

За време на упадот на израелските сили во селото Деир Амар и неговиот камп, дошло до конфликт при што војниците пукале со вистински куршуми кон Палестинците, изјавиле за ВАФА локални извори.

Две момчиња се ранети во стапалата и се пренесени во болница.

Израелските сили убиле повеќе од 200 Палестинци на Западниот Брег од почетокот на конфликтот со Хамас на 7 октомври, пишува Гардијан. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан