• вторник, 14 мај 2024

Двајца македонски уметници изложуваат дела во Јужна Кореја

Двајца македонски уметници изложуваат дела во Јужна Кореја
Прилеп, 1 октомври 2022 (МИА) - На третата меѓународна изложба на современа уметност, насловена „Без граници“ која се отвори синоќа во музејот „Фантапиа М“ во Сеул во Јужна Кореја, од над 150 уметници од светот, свои, оригинални дела изложуваат и двајца македонски уметници. На изложбата се застапени Златко Крстевски со слика масло на платно со димензии 80 на 60 сантиметри и Валентина Илиевска со фотографски принт. На изложбата се претставени уметници и од САД, Португалија, Франција, Холандија, Русија и од други земји, претходно селектирани и одредени од меѓународниот кураторски тим во состав Фред Ван Вили од Холандија, Чанг Хвани и Јо Чонг Јул од Јужна Кореја. По поставката, делата ќе бидат дел од колекцијата на музејот „Фантапиа М“. Делата застапени на изложбата во „Чанг Хил Кван арт музеум“ се публикувани во специјална уметничка публикација со биографски референци, двојазично, корејски и англиски.ем/свс/

Остани поврзан