• среда, 15 мај 2024

Дваесет и шест единици крв обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци

Дваесет и шест единици крв обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци

Кавадарци, 9 ноември 2023 (МИА) – Дваесет и шест единици крв се обезбедени во денешната крводарителска акција во Кавадарци. Од кавадаречкиот Црвен крст нагласија дека секоја единица крв значи спасен нечиј живот.

Крводарителската акција беше во организација на ЛК СДММ Кавадарци, по повод 32 роденден на Социјалдемократската младина на Македонија.

Доброволната крводарителска акција беше реализирана од Црвениот крст Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

- Изразуваме задоволство од тоа како помина денешното доброволно крводарување. Годишниот план за крводарување на Црвениот крст Кавадарци е исполнет и изнесува 1.184 крвни единици. Досега, годинава се реализирани над две илјади дарувања крв, а до крајот на годината има уште неколку акции и се очекува бројката да достигне околу 2.500 реализирани крвни единици, појаснија од Црвениот крст. свд/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан