• недела, 12 мај 2024

„Да ги чуваме нашите шуми“ - превентивни активности на СВР Тетово во рамки на кампањата „Безбедно лето“

„Да ги чуваме нашите шуми“ - превентивни активности на СВР Тетово во рамки на кампањата „Безбедно лето“

Тетово, 15 јули 2023 (МИА) - Полицајците од Отсекот за превенција при СВР Тетово, претставници на Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“ спроведоа повеќе планирани превентивно-едукативни и информативни активности насловени „Да ги чуваме нашите шуми“ како дел од кампањата „Безбедно лето“.

На неколку пунктови во Тетово на граѓаните им делеа наменски изработени летоци на македонски и албански јазик.

-.Во летоците се поместени информации и пораки што значат шумите во природата, како да се чуваат и заштитуваат од уништување и посебно од опожарување во летниот период. На граѓаните, исто така, им било укажано на законските импликации доколку од невнимание или намерно предизвикуваат шумски пожари или неконтролирано се сечат шумите, посочи Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според Јосифоски целта на денешните активности е подигнување на еколошката и безбедносната свест на граѓаните, да ги чуваат шумите и да се грижат за нив како природно богатство со големо општествено и друго значење. ас/ар

Фото: СВР Тетово 

Остани поврзан