Дани Карвахал ги израдува навивачите на Реал Мадрид
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, откри дека направил важен чекор во закрепнувањето. Тој сподели фотографија од соблекувалната на тимот на која се гледа дека сега носи копачки, што значи дека продолжил со тренинзите на теренот.

Мадрид, 17 март 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, откри дека направил важен чекор во закрепнувањето. Тој сподели фотографија од соблекувалната на тимот на која се гледа дека сега носи копачки, што значи дека продолжил со тренинзите на теренот.
Карвахал отсуствува од октомври, кога беше опериран на коленото поради скинати предни вкрстени лигаменти на десната нога.
„Колку ми недостигавте“, напиша 33-годишниот фудбалер на фотографија од своите копачки на точно 163-от ден од неговата повреда.
На „Бернабеу“ се надеваат дека Карвахал ќе биде подготвен за настап на крајот на месецот. дс
Фото: Архива