• вторник, 21 мај 2024

Г.г. Стефан на божиќната литургија: Потребно духовно и национално единство за да опстоиме како Црква и како народ.

Г.г. Стефан на божиќната литургија: Потребно духовно и национално единство за да опстоиме како Црква и како народ.

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централно одбележување на Рождеството Христово-Божик, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан одржа архиерејска литургија на Св.Василиј Велики. Во пресрет на празникот, што денеска го празнуваат сите православни христијани во земјава, имаше и божикни литургии во сите храмови на Македонската православна црква. 

Г.г. Стефан упати порака дека ни е потребно духовно и национално единство за да опстоиме како Црква и како народ.

Возљубени празникољупци, Денес торжествуваме и празнично Го величаме Христа воскреснатиот, Кој ја уништи смртта и го порази адот, Кој умрените ги ослободи и стана почеток – првороден меѓу мрт

-Со раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, Божјата светлина го огреа сиот свет. Бог Словото слезе на земјата и стана Човек, за да го обнови единството на Бога со човекот, зашто, според зборовите на свети Григориј Богослов, пред овој спасителен настан се беше отворила „голема и непремостлива провалија“, меѓу Создателот и првиот Адам. Но, со раѓањето на Богомладенецот се објави Божјата неизмерна добрина и Неговото човекољубие победи. Затоа и нашиот свети Климент Охридски, созерцавајќи го Рождеството Христово, воскликнува: „Радувај се, првосоздаден Адаме, бидејќи ти не беше оставен во адот! Ете, твојот Спасител и Избавител доаѓа да се роди од Дева; и Бог станува Човек, за да ја обожи човечката природа, порача г.г. Стефан за време на својата литургија.

Како што додава, потребно е да се радуваме со непоминливата радост од таа Витлеемска ноќ, со радоста на ангелите, со радоста на пастирите, со радоста на мудреците, да се радуваме со сите коишто во изминативе дваесет столетија се радуваа на тој спасоносен и неповторлив настан.

Премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

Големиот христијански празник Божиќ, како што истакна премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.

-На сите христијански верници сакам да им го честитам големиот празник Христовото раѓање Божиќ. Сакам да им посакам љубов, среќа, здравје, мир во нивните домови, и како што христијаните се обединиле во Витлеем на овој голем празник, исто така посакувам и сите наши граѓани, сите наши Македонци, да се обединиме во градење на просперитетна, среќна и напредна држава. Среќен Божиќ, Христос се роди, вистина се роди!, вели Ковачевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска присуствуваше на Архиерејска литургија, во име на Владата и МВР на сите граѓани им посака многу здравје, среќа и единство.

-На сите православни верници им посакувам честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство што е најмногу потребно, а на сите граѓани да посакам здравје, среќа и заеднички да празнуваме, заеднички да ја градиме Македонија со просперитет и напредок за секој, изјави Спасовски, по богослужбата на Архиепископот г. г. Стефан.

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на Архиерејската литургија го честита големиот христијански празник.

-Го честитам Божик на семејствата, пред се здравје и среќа, а потоа многу мудрост и трпение и на сите граѓани им посакувам да им се оствари се што посакуваат, изјави Мицкоски.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска по литургијата во Соборниот храм, испрати честитка до сите православни христијани и им посака мир, здравје и љубов.

-На Македонската православна црква, на нашиот македонски народ, на сите православни христијани би сакала денеска да им го честитам Божик, во секој дом да им мир, хармонија, здравје, љубов и сето она кое што сакаме да го покажеме пред нашите ближни во оваа година да го добиеме за возврат, изјави Арсовска по одржување на литургијата.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, при што изрази жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање. Тој посочи дека годинава Божиќ се празнува во време на голема неизвесност, страв и човечки страдања предизвикани од војни, кризи и социјални неправди. Како што рече, предизвиците не ги одминуваат ниту македонските граѓани, особено најранливите меѓу нас.

-Со солидарност кон ранливите, со заложби за социјална правда, со личен интегритет, со почит кон различните, Црквата и верниците можат да придонесат кон обновата на довербата и добрината во нашата заедничка македонска татковина, се вели во честитката на Пендаровски.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери лично и од име на пратениците на припадниците на православната вероисповед, им го честита големиот христијански празн

И претседателот на Собранието Талат Џафери во својата честитка посака празникот да ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани.

-Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла прегратка, вели Џафери во честитката за Божиќ. бт/нд/

Фото: МИА; Влада; МВР

Остани поврзан