• петок, 22 ноември 2024

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19
Атина, 22 септември 2021 (МИА) – Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос побара од началникот на грчката полиција Михалис Карамалакис, полицијата да не ги апси просветните работници кои го применуваат законот за заштита од Ковид-19, по тужби од родителите кои или се антиваксери или не веруваат во коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа по најмалку пет случаи во различни делови на Грција, каде што родители не ги почитуваат актуелните мерки за работата на училиштата, па нивните деца ги испраќаат на училиште или без маска или без потврда од задолжителното тестирање, а потоа, откако учениците нема да бидат примени на настава, ги тужат наставниците или директорите. Последниот случај е од Солун, каде што татко на ученик предизвикал инцидент во училиштето, бидејќи синот не го примиле без потврда за селф тест, а иако бил одведен во полициска станица заедно со директорката и наставниците и бил покренат случај за нарушување на јавниот мир и ќе му се суди, сега ја тужи директорката, барајќи 2,7 милиони евра. Од Министерството за цивилна заштита соопштуваат дека доколку постојат тужби против професорите, наставниците, директорите и слично, треба да се следи соодветната процедура, но без просветните работници да треба да бидат одведени во полициска станица и додаваат дека „целта на сите треба да биде обезбедување на правилно функционирање на училиштата и заштита на неопходната образовна клима што мора да постои во училиштата“. ср/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан