• четврток, 27 јуни 2024

Грција ѝ го честита Денот на независноста на Северна Македонија

Грција ѝ го честита Денот на независноста на Северна Македонија
Атина, 8 септември 2022 (МИА) – Честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија, упати Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил, изразувајќи „најдобри желби до народот и Владата“, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција им честита и ги изразува своите најдобри желби до народот и Владата на Северна Македонија бидејќи денеска го слават нивниот Ден на независноста!, напишаа од грчкото МНР. Паралелно, заедно со твитот, објавија и фотографија со македонското знаме и пораката: „Честит Ден на Независноста, Северна Македонија!“. ср/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан