• петок, 22 ноември 2024

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби потврди дека негов заменик за функцијата прв заменик на премиерот во преодната влада ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот - првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер. Ако премиерот е од ДУИ првиот заменик да биде од СДСМ, ако премиерот е од СДСМ, првиот заменик да биде од ДУИ. Убеден сум дека ќе ја изврши работата доследно рече Груби, на новинарско прашање при учество на настан за завршување на обновата на патот Скопје-ГП „Блаце“. 

Присуството на настанот на функционери од ДУИ според него не го прават настанот партиски и тие дошле, како што рече, за да се радуваат на завршен проект“, а не да ја покријат герила акцијата на членови на опозицискиот Европски сојуз за промени, што се одржа паралелно со активностите за заокружување на обновата на патот. 

-Тие позади кога беа мои фанови беа покреативни, сега веќе не се креативни. Наместо да понудат што ќе направат подобро за граѓаните, доаѓаат да направат упад. Ова се сите членови кои се избрани од Владата и кои во програмите ветиле целосна реконструкција на патот Скопје-Блаце и затоа сме сите заеддно тука затоа што се радуваме на завршен проект, рече Груби. лв/нд/

Фото: ЈПДП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан