• сабота, 08 јуни 2024

„Гробиштата“ од Адријан Телешпан - нова книга од проектот „Читаме заедно“

„Гробиштата“ од Адријан Телешпан - нова книга од проектот „Читаме заедно“
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Во рамки на проектот „Читаме заедно“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, издавачката куќа „Три“ го објави романот „Гробиштата“ од романскиот автор Адријан Телешпан. Станува збор за сурово искрена приказна проткаена со многу хумор и сарказам. -Лекциите научени од книгите најдолго се паметат. Особено ако протагонистите се соочуваат со проблеми со какви што човекот неизбежно се соочува секојдневно. Проблеми како потрагата по среќа и исполнетост. Главниот лик Адријан Грин, уморен од себедокажувањето и безличното секојдневие, се преселува во Лондон, верувајќи дека ќе му се насмевне среќата. А таа го носи на блиските гробишта, каде што станува администратор. Како во книгава, така и во животот, среќата понекогаш се насмевнува на чуден начин, се наведува во соопштението за книгата. Од издавачката куќа велат дека за квалитетно издание во огромна мера придонесува нејзиниот преведувач, Ермис Лафазановски, кој автентично ја пренесе приказната доловувајќи го слободниот литературен израз, што е особено важно во ваков тип на книжевност што допира политички и религиозни теми за кои владеат различни мислења. -Оваа и сите други книги од проектот, секоја со различна тема и секоја со убавината на културата што авторот ја пренел на хартија, еднакво придонесува за убавината на книжевноста – зашто ја наоѓа својата суштината во јазичната, националната, уметничката и, секако, личната разновидност, појаснуваат од „Три“.бт/са/

Остани поврзан