• понеделник, 23 декември 2024

Концерт на пијанистката Милица Станковиќ во Струга

Концерт на пијанистката Милица Станковиќ во Струга

Струга, 7 јуни 2024 (МИА) - Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер концерт ќе одржи пијанистката Милица Станковиќ. 

На програграмата се дела од Моцарт, Менделсон, Дебиси и Шопен.

Милица Станковиќ е родена на 15 јуни 2004 година во Скопје. На шест годишна возраст се запишува во основното музичко училиште „Илија Николовски - Луј" во класата на проф. Верица Шотаровска, и успешно учествува на многу натпревари во и надвор од државата. Во изминатите години, Милица учествувала на многу општински, регионални и државни натпревари по пијано и камерна музика, каде има освоено први, втори и трети награди.

Во јуни 2019 година се запишала во средното музичко училиште „ДМБУЦ Илија Николовски Луј”, а во 2023 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. д-р Елена Атанасовска.

Нејзината богата биографија е исполнета со учества на меѓународни и државни натпревари и голем број освоени награди.

Била дел од фестивалот во Форли - „La Musica Ponte tra i Popoli", таму посетувала пијано часови кај професорот Pier Luigi di Tera, и била дел од Balkan Orchestra. Учествувала на меѓународниот натпреварот „Охрид те сакам", на фестивалот „Охридски бисери".

Учествувала и на италијанскиот интернационален фестивал Sopravista и се натпреварувала на „All colours of Art" каде ја добила првата награда. Со Јосипа Василевска како камерно дуо освоиле  две први награди, на меѓународниот фестивал „Полихимниа“ и „Охрид те сакам“. Учествувала и на фестивалот „Душата на Русија“, каде освоила втората награда. На државниот натпревар учествувала во дует со виолина каде ја освојуваат првата награда.... сс/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан