• недела, 22 декември 2024

Заврши Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија

Заврши Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија

Софија, 7 јуни 2024 (МИА) - Со поетскиот митинг на кој учествуваа македонските и бугарските поети Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, , Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Тихомир Јанчовски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов, вечерва во Софија заврши годинашната „15. Македонската книжевна визита во Софија“.

Целта на оваа манифестација е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски.

Писателите учесници на 15-тата Македонска книжевна визита во Софија во рамките на завршната вечер, заедно со бројната публика го проследија и  документарниот филм „Визита за трајно книжевно пријателство“, посветен на деценијаипол долгата мисија на оваа книжевна манифестација.

Филмот, кој е во продукција на Книгоиздателството Макавеј, потсетува на 15-те изминати години на оваа значајна книжевна средба на која зеле учество 100-тина македонски автори и која беше поттик за преведување на 50-тина македонски книжевни дела на бугарски јазик и за воспоставување нови книжевни и творечки врски меѓу писателите од Македонија и Бугарија. Клучната порака на документарниот филм е дека вградените петнаесет години книжевна соработка, творечка размена и зближување на писателите од двете земји ја искачуваат оваа манифестација на пиедесталот на ретките меѓудржавни културни акции кои придонесле за трајното книжевно и културно пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

И оваа година манифестацијата што ја организираа „Макавеј и македонскиот КИЦ во Софија, беше поддржана од Министерството за култура на РС Македонија. ев/

ФОТО: Макавеј

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан