• среда, 15 април 2026

Општина Кисела Вода: Деветоодделенците од Кисела Вода ја креираат својата полуматурска прослава

Општина Кисела Вода: Деветоодделенците од Кисела Вода ја креираат својата полуматурска прослава

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Деветтоодделенците одлучуваат за својата полуматурска прослава. Во таа насока, денеска претставници на учениците кои го завршуваат основното образование беа во Општина Кисела Вода, каде низ разговор со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги кажаа своите идеи и желби за претстојниот настан, информираат од Општината.

Целта на локалната самоуправа, како што велат оттаму, е одбележувањето на крајот на овој образовен циклус за вкупно 560 ученици да биде осмислено исклучиво преку нивната призма.

На средбата се разговарало за конкретни предлози и концепти иницирани од самите полуматуранти за тоа како замислуваат една модерна и автентична заедничка прослава.

-Општина Кисела Вода ги третира младите како сериозни соговорници чие мислење мора да се вреднува. Денеска сакав да ги слушнам директно нив, нивните очекувања, идеите и креативноста што ја носат. Овие млади луѓе покажаа извонредна зрелост во предлозите за тоа како да ја одбележат својата полуматура. Нашата задача како институција е да им дадеме простор да одлучуваат за прашањата што ги засегаат и да овозможиме нивните визии да станат реалност, рекла на средбата  градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. сст/паг/

Фото Општина Кисела Вода

Остани поврзан