• понеделник, 06 мај 2024

Грковска: Очекувам брз и ефикасен резултат од ДКСК за тендерот на фирмата на Елмедин Адеми

Грковска: Очекувам брз и ефикасен резултат од  ДКСК за тендерот на фирмата на Елмедин Адеми

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Критериумот за најевтина понуда за добивање на тендер не е секогаш најквалитетната и најподобната понуда, изјави денеска вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одговарајќи на новинарско прашање по објавата во медиумите дека за време на локалните избори во 2021 година фирмата „Скрин Медиа“ на Елмедин Адеми, кој е сопственик и на „Еуровиа“, изнајмила билборди и паноа, а истовремено била донатор на партијата за изборите.

Грковска рече дека Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвора случај, како надлежна институција да го испитува ова прашање, а со оглед на тоа дека не се работи за обемен случај, смета дека нема да има потреба од многу време за решавање.

— Очекувам брз и ефикасен резултат од страна на ДКСК, а врз основа на тоа да се изречат мерки, се разбира доколку комисијата утврди дека тоа е така, согласно укажувањата и наодите на она што е направено, рече Грковска.ра/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан