• недела, 22 декември 2024

Граѓанските организации од Делчево утврдија повеќе приоритети во рамки на проектот ,,Да се реализира ветеното"

Граѓанските организации од Делчево утврдија повеќе приоритети во рамки на проектот ,,Да се реализира ветеното

Делчево, 28 март 2023 (МИА) - Редовен автобуски превоз, заживување на детското одморалиште на Голак, домување за лицата од прифатилиштето и функционални инспекциски служби, се дел од посочените проблеми кои беа посочени на работилницата со невладините организации од Делчево, во рамки на проектот „Да се реализира ветеното".

-Целта и овој пат е застапување и лобирање кај донесувачите на одлуки. Ова се прриоритети од јавен карактер во Делчево, а целта е како да ги убедиме донесувачите на одлуки да влијаат на решавање на овие проблеми. Во таа насока, согласни сме дека е потребно поголемо застапување и лобирање кај донесувачите на одлуките, истакнаа од НВО „КХАМ" како главен имплементатор на проектот.
 
Активностите се во насока на креирање стратегија за поголема соработка меѓу општината и граѓанските организации.
 
-Во насока на подготовка за креирање на таа стратегија, деновиве се одржа средба со градоначалникот на Делчево и неговиот тим, 
кои ја прифатија понудата да се сретнат со 14 локални граѓански организации, со цел да се дефинираат конкретните чекори за периодот кој следи, со што и ќе се реализира даденото ветување од предизборниот период, додадоа од НВО „КХАМ".
 
Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Подршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација, за изборни системи (ИФЕС).вс/бт/

Остани поврзан