Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси
- СООПШТЕНИЕ - Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани.
Скопје, 26 септември 2024
ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје.
Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани.
Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист.
Одделение за односи на Град Скопје
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.