Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 7 мај 2024
Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите од сите градски средни училишта задолжени за справување со врсничкото насилство кај младите.
Координаторите ги презентираат училишните извештаи за состојбите од оваа проблематика во училиштата, а ги презентираат и мерките и активностите што ги преземаат за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство.
Во рамките на своите заложби за унапредување на безбедноста во училиштата, Градот Скопје во изминатиот период спроведе повеќе активности и иницијативи меѓу кои формирање тимови за безбедност, назначи координатори за справување со меѓуврсничкото насилство, воведе протоколи за справување во кризни ситуации и при детекција, справување и превенција на сите форми на насилство во училиштата.
Одделение за односи со јавност на Град Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.