• недела, 09 март 2025

Градоначалнкот Пецаков ги прими учесниците на „Школата за безбедност 2025“ организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“

Градоначалнкот Пецаков ги прими учесниците на „Школата за безбедност 2025“ организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“

Охрид, 7 март 2025 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска ги прими учесниците на „Школата за безбедност 2025“ што во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ се одржува во Скопје и во Охрид .

Младите студенти од Македонија, Србија и од Бугарија ги запозна со активностита што охридската локална самоуправа ги презема во делот на справувањето со кризи и за Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид кој е постојана соработка со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Исто така ги информира гостите дека Општината има донесено Програма од областа на заштита и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи,  а со новата систематицација во рамки на Локалната самоуправа е формирано Одделение за заштита и спасување и управување со кризи. 

На средбата е потенцирано дека Општина Охрид веќе е дел од Иницијативата за отпорни градови „Making Cities Resilient 2030 (MCR2030)“ во рамки на Канцеларијата на ОН за намалување на катастрофи, а беше разговарано и за иницијативата за формирање на комунална полиција, која значително ќе придонесе за безбедноста во Охрид, особено во периодот на летната туристичка сезона.

„Чест ми беше да одговорам на низа прашања поврзани со актуелените теми за безбедност и заштита од природни непогоди на локално ниво, актуелните проекти и предизвиците со кои се соочува Општина Охрид во неколку области од работењето“, посочи Пецаков во статусот објавен на неговиот фејсбук-профил. аб/нд/

фото/Општина Охрид

Остани поврзан