• вторник, 24 февруари 2026

Во штипско Ново Село одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во штипско Ново Село одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Штип, 4 февруари 2026 (МИА) – Во славното штипско Ново Село, каде што учителствувал Гоце Делчев денеска се одбележаа 154 години од неговото раѓање. Делегации од Општина Штип, Советот на Општината, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставници на АРМ, државни и локални институции, како и на политички партии и на Општинската организација на Сојузот на борците денеска пред спомен релјефот положија цвеќе и се поклонија на Делчев.

Најголемиот македонскиот револционер Гоце Делчев учителствувал во старата населба Ново Село, а училиштето денеска е ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што има спомен соба и училишни клупи и документи од тој период кога работел Делчев како учител заедно со Даме Груев и Ѓорче Петров. 

Пред делегации се одржа и пригодна реч за Гоце Делчев, а учениците од штипската Гимназија „Славчо Стојменски“ имаа и рецитал. вдј/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан