Градоначалничката на Македонска Каменица со известување до населението за претстојното тестирање на системот за тревожење
- Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, соопшти дека на 28 ноември 2025 година (петок) „Рудник САСА“ ќе спроведе редовно тестирање на системот за тревожење.
Македонска Каменица, 27 ноември 2025 (МИА) – Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, соопшти дека на 28 ноември 2025 година (петок) „Рудник САСА“ ќе спроведе редовно тестирање на системот за тревожење.
Во соопштението до јавноста се истакнува дека тестот има за цел да ја провери исправноста и функционалноста на системот кој служи за навремено предупредување и заштита на населението во случај на природни или други непогоди.
Тестирањето ќе се одвива од 12:00 до 12:30 часот, со кратко вклучување на сите сирени поставени од индустрискиот круг на рудникот до градот, по течението на Каменичка Река.
-Напоменуваме дека ова е исклучиво тест на функционалноста на системот, спроведуван согласно законската регулатива. Вашето разбирање и поддршка се од големо значење за одржување на системот за заштита и безбедност“, се наведува во соопштението.
Градоначалничката Стаменкова им се заблагодари на граѓаните за соработката и разбирањето. вс/вј/
Фото: Општина Макеедонска Каменица