• вторник, 12 ноември 2024

Градоначалникот Јанчев се сретна со претставници на неколку кавадаречки села 

Градоначалникот Јанчев се сретна со претставници на неколку кавадаречки села 

Кавадарци, 11 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот Митко Јанчев денеска  се сретна со претставници на неколку кавадаречки села, со цел утврдување на приоритетите за жителите од руралните средини, информираа попладнево од неговиот кабинет.  

- На средбата, градоначалникот Јанчев беше заедно со претставници на служби од Локалната самоуправа, Мој Општинар, ЈП Комуналец ,ЈП Паркинг, ЈП Превоз.  Претседателите на месните заедници и жители на Брушани, Дабниште, Раец, Галиште, Ресава, Бохула, Мрежичко, Куманичево, Шешково, Шивец, Чемерско, Страгово, Конопиште, дадоа свои сугестии за реализација на идни проекти значајни за овие селски средини, појаснија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму нагласија дека на ваков начин се согледуваат секојдневните проблеми на заедничкото живеење, се расправа за можностите за нивно решавање и заеднички да се креираат идните активности за 2025 година. свд/цр


Фото : Општина Кавадарци 

Остани поврзан