• понеделник, 13 мај 2024

Градоначалникот на Тетово организираше прием за шампионките од ЖФК Љуботен

Градоначалникот на Тетово организираше прием за шампионките од ЖФК Љуботен
Тетово, 7 јуни 2022 (МИА) - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, организираше прием за женскиот фудбалски клуб Љуботен, кои минатата недела стана прваци во првата женска фудбалска лига. Фудбалерките на приемот го донесоа и шампионскиот пехар што од фудбалската федерација им беше доделен во средата.
- Со девојките од ФК Љуботен, фудбалските шампиони. Тетово е град на спортот и спортските таленти. Нашиот град заслужува соодветен стадион, спортски центар, зеленило и рекреативни спортски места. Ова го ветивме и ќе го исполниме. Честитки за девојките од ФК Љуботен и раководството на клубот, порача градоначаликот Касами.
ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи, четири нерешени дуели и само еден пораз. ас/ар/

Остани поврзан