Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
- Раководството на Народната банка денеска ќе ги презентира редовните пролетни макроекономски проекции.

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Раководството на Народната банка денеска на прес-конференција ќе ги презентира редовните пролетни макроекономски проекции.
Со есенските макроекономски проекции, централната банка за годинава предвиде раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто. На среден рок за 2025 и 2026 година, раст од 4 отсто и инфлација од околу 2 отсто.лв/са/