• четврток, 16 мај 2024

Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски посети и награди општински институции

Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски посети и награди општински институции

Ресен, 2 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски ја продолжи традицијата на средби со вработени во институции кои дежураат на новогодишната ноќ и во знак на благодарност за нивната професионалност им додели ваучери.

Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен информираат дека Тозиевски, заедно со секретарот на општината Зоран Кипревски ги посетија и ваучери доделија во Територијалната против пожарна единица, Итната медицинска помош, Одделението за внатрешни работи, екипите на „Македонија пат“, полициската станица за гранична проверка и надзор во Стење, како и вработени во полициската станица за граничен надзор што се наоѓа на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

Општина Ресен за најмладите од тој град приреди и новогодишен базар кој се одржа во дворот на домот на културата „Драги Тозија“, а од денес ги почнува подготовките за одбележување на Божиќните празници. мт/сст/

Фото: Општина Ресен

Остани поврзан