• понеделник, 13 мај 2024

Градоначалникот Костадинов ги прими учениците од угостителско-туристичката струка од СОУУД „Димитар Влахов“

Градоначалникот Костадинов ги прими учениците од угостителско-туристичката струка од СОУУД „Димитар Влахов“

Струмица, 18 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов денеска имаше средба со учениците од угостителско-туристичката струка од СОУУД „Димитар Влахов“ кои постигнаа извонреден успех на Меѓународниот натпревар во готвење „Black Sea Fish Festival", одржан во Констанца, Мамаја, Република Романија.

На средбата во Кабинетот на Костадинов беше и професорката Ивана Петров Ѓоргиева, во улога на ментор на учениците.

Учениците и менторката  ги споделија своите импресии од  натпреварот и задоволството од постигнатиот голем успех, во конкуренција на стотина учесници од повеќе земји од светот, а ја изразија и својата благодарност за финансиската поддршка што ја добија од градоначалникот и Општина Струмица за учеството на „Black Sea Fish Festival".

Градоначалникот Костадинов им ги честита освоените златни медали на: Ива Сретеновиќ, Сара Цекова и Михаил Анастасов, сребрената на Камелија Ристова, наградата за најдобар тим, а на професорката Ивана Петров Ѓоргиева - наградата за менторка. Тој истакна дека е горд на нивниот голем успех , кој е успех за цела Струмица, и им посака уште многу такви успеси во иднина. мч/дма/

фото: Општина Струмица

Остани поврзан