• понеделник, 23 декември 2024

Гигс приведен под сомнение дека ја нападнал својата девојка

Гигс приведен под сомнение дека ја нападнал својата девојка
Лондон, 3 ноември 2020 (МИА) - Селекторот на Велс, Рајан Гигс е уапсен под обвинение за напад врз неговата девојка, пренесува „The Sun“. Британската полиција во неделата доцна вечер го привела Гигс по добиен од неговата девојка Кејт Гревил за насилство.
  • Четириесет и шестгодишниот Велшанец бил испрашуван под сомнение за напад и телесни повреди нанесени на неговата девојка. Потоа беше ослободен со кауција во очекување на завршувањето на истрагата. Гигс ја напушти станицата во понеделникот попладне, објави „Сан“.
Портпарол на полицијата го соопшти следново: „Триесетгодишна жена претрпе полесни повреди, но не и беше потребна медицинска помош. Уапсен е 46-годишен маж под сомнение за напад според член 47 и напад според член 39 “. Во следните неколку дена се очекуваат резултатите од истрагата. зс/

Остани поврзан