Германската Влада издаде дозвола за извоз на тенкови Леопард 1
- Германската Влада издаде дозвола за извоз на борбени тенкови Леопард 1 во Украина, изјави денеска портпаролот Штефен Хебестрајт во Берлин, без да даде дополнителни детали.
Берлин, 3 февруари 2023 (МИА) - Германската Влада издаде дозвола за извоз на борбени тенкови Леопард 1 во Украина, изјави денеска портпаролот Штефен Хебестрајт во Берлин, без да даде дополнителни детали.
Досега, Владата имаше одлука за одобрение единствено за испорака на модерни главни борбени тенкови Леопард 2 од воената залиха на Бундесверот.
Германскиот дневен весник Зидојче цајтунг претходно објави дека производителите Рајнметал и Фленсбургер Фахрцеугбау Геселшафт (FFG) сакаат да обноват десетици тенкови Леопард 1 и би можеле да ги достават во Украина за да се борат против Русија, доколку Киев е подготвен да ги купи.
Сепак, се додава во извештајот, досега имало проблеми со набавката на муниција. ссм/