Герасимовски: Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно и домаќински
- СООПШТЕНИЕ - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово одржа Брифинг со новинари кадешто се разговараше за актуелните тековни, но и за следните предвидени проекти во општината. Герасимовски информираше дека Општина Центар е најтранспарентна општина којашто секогаш е отворена за соработка со медиумите и граѓаните.
Скопје, 21 ноември 2024
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово одржа Брифинг со новинари кадешто се разговараше за актуелните тековни, но и за следните предвидени проекти во општината.
Герасимовски информираше дека Општина Центар е најтранспарентна општина којашто секогаш е отворена за соработка со медиумите и граѓаните.
„Со новинарите и медиумските работници имаме одлична соработка, нашата пракса е секојдневно да комуницираме со новинарите и сите прашања да ги одговараме во најбрзо време. Во Општина Центар работиме одговорно, транспарентно и домаќински. Во изминатите три години од мојот мандат имам потрошено нула денари за патни трошоци во странство и нула денари за угостителски услуги”, изјави Герасимовски во изјава за медиуми по завршување на брифингот.
Герасимовски посочи дека буџетските средства коишто ги има Општината во моментов истата ги немала никогаш, а тоа се должи на доброто менаџирање.
„Нашата општина е поразлична од сите други општини затоа што го слушаме ставот и мислењето на сите советници, а потоа сите проекти во Советот ги гласаме едногласно. Имаме можност граѓаните да дадат свои предлози, идеи и сугестии за подобрување на функционирањето на општината затоа што подобри услови за живот на граѓаните е нашиот приоритет”, рече Герасимовски.
Општина Центар
________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото Општина Центар