• понеделник, 23 декември 2024

Герасимовски: Поставуваме фотоволтаични панели на сите јавни објекти и нови енергетски фасади

Герасимовски: Поставуваме фотоволтаични панели на сите јавни објекти и нови енергетски фасади
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски денеска вети интензивирање на зелената агенда на Центар. - Нашата цел во Центар е не само преку новите паркови и јавните зелени површини да го зголемиме зеленилото туку и ќе го подобриме квалитетот на воздухот. За таа цел ќе бидеме силно посветени и на субвенционирање на енергетско ефикасни фасади. Така не само што ќе го освежиме ликот на општината туку ќе поттикнеме еколошко греење. Нашиот план е и поставување на фотоволтаични панели на покривите на јавните објекти и инвестирање во алтернативните извори на енергија. А преку вело-мрежата и затворање на „Боемска 2“ и „Орце Николов“ стимулираме зголемено користење на велосипеди и тротинети, изјави Герасимовски. Герасимовски рече дека општина Центар во изминатите четири години силно вложувала во ново зеленило. Општината за само четири години, како што изјави, доби 5.200 садници и 53.700 м2 реконструирани паркови и преку ревидирање на девет ДУП-ови заштити 14 илјади м2 зеленило. Според него, Општина Центар ќе стане „европска општина со зелени паркови и зелени јавни површини“. - Центар е првата општина која воведе обврска за 20 посто зеленило во градежна парцела и обезбедување задолжителни паркинг места за станарите. Ова е сигурен доказ за плановите на СДСМ. Време е тротоарите да ги ослободиме за велосипеди, мајки со колички, пешаци, време е да дишеме квалитетен воздух и да имаме зеленило каде ќе одмориме. Време е Центар да го заслужи својот вистински назив, затоа да гласаме за бројот 12, за Најдоброто за Центар, порача Герасимовски. мс/сп/

Остани поврзан