Герасимовски: Владата во најбрз можен рок да ја преточи нашата иницијатива во закон
- СООПШТЕНИЕ - Очекувам иницијативата на Општина Центар за поригорозни мерки и зголемена одговорност за малолетничкиот вандализам да добие зелено светло на владината седница. Следното е да се оформи работна група, составена од повеќе министерства, која ќе работи на нејзиното преточување во законски одредби. Со тоа, оваа иницијатива ќе стане функционална и применлива, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во изјава за МРТВ.

Скопје, 18 јануари 2025
Очекувам иницијативата на Општина Центар за поригорозни мерки и зголемена одговорност за малолетничкиот вандализам да добие зелено светло на владината седница. Следното е да се оформи работна група, составена од повеќе министерства, која ќе работи на нејзиното преточување во законски одредби. Со тоа, оваа иницијатива ќе стане функционална и применлива, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во изјава за МРТВ.
Во врска со проверките кои се спроведуваат со колегите и надлежните служби на терен, Герасимовски посочи дека цел е уште од сега да се преземат мерки и да има што поголемо полициско присуство на одредени точки, за во потоплите денови, кога ваквите појави зачестуваат, да спречиме нивно повторување.
-Навременото делување е клучно за обезбедување безбедна и уредна средина за сите граѓани, истакна градоначалникот.
Герасимовски е дециден дека одговорноста мора да биде индивидуализирана, а мерките праведни и ефикасни.
„Не се виновни сите деца, но оние што намерно оштетуваат јавен имот треба да сносат одговорност. Затоа предлагаме мерка според која сторителите, заедно со родителите, ќе мораат да ги поправат реквизитите што ги уништиле. Вака ќе поттикнеме поголема свест и почит кон јавниот простор,“ рече Герасимовски.
Тој подвлече дека иницијативата не е насочена против децата, туку кон нивно подобро воспитување и насочување кон спортот и позитивните вредности.
„Важно е сите заедно да ја негуваме јавната одговорност и да создадеме безбедна и уредна средина за нашите најмлади. Верувам дека оваа иницијатива ќе добие поддршка и наскоро ќе стане реалност”, заклучи Герасимовски.
Општина Центар
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Општина Центар