• сабота, 21 декември 2024

Георгиевски: Граѓаните нека гласаат за личноста што ќе направи најдобро за градот

Георгиевски: Граѓаните нека гласаат за личноста што ќе направи најдобро за градот
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Сите неопределени гласачи овој пат на изборите ќе им пресудат на двете големи политички партии. Се надевам дека во најголем број ќе излезат оние кои не гласале со години. Се надевам на оние кои едноставно им беше се преку глава и сите овие години овие две политички партии направија да се чувствуваат луѓето безнадежни, истакна кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје Петар Георгиевски Камиказа  вечерва на централниот митинг во Скопје. Тој апелира до граѓаните на 17 октомври да гласаат за личноста за која мислат дека ќе направи најдобро за градот. - Јас сум работел повеќе години кампањи, ваква валкана кампања или, пак, можеби за мене бидејќи е прва, јас сум работел кампањи но не сум работел како пратеник или како кандидат за градоначалник, досега не сум имал во моите 61 година. Имам работено на преку 25 кампањи. Најновото е дека денеска добивме неколку дојави дека Шилегов барал од сите вработени во градската администрација да донесат 10 потписа со лични карти за да може да останат понатаму на работа. Јас, еве гледам во камерите и ви кажувам – сите ќе останете на работа, да не се секирате и да гласате за кого сакате. Ако сакате гласајте за мене, ако гласајте за Шилегов, ако сакате гласајте за Бени Шаќири, ако сакате гласајте за Данела. За кого сакате гласајте. Гласајте за оној што ве носи срцето и за оној за коко мислите дека ќе направи најдобро за градот. Ние не се служиме со такви работи и едноставно граѓаните ќе одлучат на 17 октомври кому ќе го дадат гласот, рече Камиказа. Димитар Апасиев, претседател на Левица, истакна дека тие како политичка партија поставиле нови стандарди во политиката, вовеле колорит од возрасти, од вредности, од манири, од карактери, различен степен на образование. - Ние сме едиствената партија која не става само доктори носители на листи, ние имаме доктори на науки до студенти, од правници до музичари, од менаџери до чистачки, од економисти до спортисти, од земјодлеци до таксисти, од учители до текстилни работнички. После ова, стереотипот на Левица е пробиен, рече Апасиев. Тој истакна дека на овие избори очекуваат да освојат над 60 советници на државно ниво. - Првпат учествуваме во околу 40-тина општини и немојте да мислите дека ова што го правиме е за џабе. Без оглед на тоа како ќе заврши ова, за после две години да освоиме 12 илјади гласови во Скопје и да влеземе во Парламентот. Значи, овие се само чекори во процесот. Што и да се случи, после секои избори, Левица излегува кадровски поекипирана, и кадровски зајакната. Така ќе биде и после овие избори, на кои очекуваме над 60 советници на ниво на држава. За да го спречиме грабежот, ќе имаме и наши наблудувачи на терен, така што ќе им биде многу потешко тоа да го направат, потенцира Апасиев.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан