Генералштаб на Украина: Русија изврши 15 воздушни напади врз областа Курск
- Руската авијација во текот на вчерашниот ден изврши 15 напади на територијата на областа Курск, користејќи 18 авиобомби, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Киев, 28 октомври 2024 (МИА) - Руската авијација во текот на вчерашниот ден изврши 15 напади на територијата на областа Курск, користејќи 18 авиобомби, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.
„Руските окупатори исто така активно користеа авијација на правците Гуљајполе и Орахово во Запорожката област. Во областа на Малата Токмачка, непријателот фрли 12 противвоздушни проектили и двапати го погоди Билогор со 40 ненаведувани авиоракети“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека руските сили извршиле воздушни напади и во Доњецката област, со особено бомбардирање на округот Александар-Калиново и Романовка. „Непријателот изврши воздушни напади на окрузите Степни, Биловоди, Башивка и Јунаковка во Сумската област, фрлајќи вкупно 12 авиобомби. Непријателските артилериски гранатирања од територијата на Руската Федерација погодија гранични населби во Сумската и Черниговската област“, стои во соопштението.
Генералштабот на вооружените сили на Украина информира дека ситуацијата на фронтот останува напната, при што од почетокот на денот се регистрирани вкупно 84 борбени судири, а најтешката состојба е на купјанскиот, покровскиот и кураховскиот правец. ссм/
фото: архива