• вторник, 21 јануари 2025

Четири Израелки ќе бидат ослободени в сабота, според висок претставник на Хамас

Четири Израелки ќе бидат ослободени в сабота, според висок претставник на Хамас

Газа, 21 јануари 2025 (МИА) - Се очекува Хамас в сабота да ослободи четири израелски заложнички кои ги држи во Газа, како дел од втората размена на заложници за затвореници во израелските затвори, предвидена со договорот за прекин на огнот во Газа, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Тахер ал-Нуну, висок претставник на палестинското вооружено исламистичко движење.

Во неделата, три Израелки веќе беа ослободени, разменети за 90 палестински затвореници кои ги држеше Израел.

Деталите од договорот не се официјално објавени, но се претпоставува дека размената на затвореници ќе се одвива во релативно редовни интервали во период од шест недели, при што ќе бидат разменети вкупно 33 израелски заложници за околу 1.900 Палестинци. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан