• недела, 21 април 2024

Генерално чистење на Дебар, се закројуваат и дрворедите

Генерално чистење на Дебар, се закројуваат и дрворедите

Дебар, 17 март 2023 (МИА) - Дебарските комуналци почнаа генерално чистење на градот,  а работници од општината почнаа со закројување на дрворедите на повеќе улици.-Нашите работници реализираат акција за генерално чистење на градот, која ќе трае се до расчистување на улиците од отпад, како и дивите депонии, кои за жал, иако секојдневно го подигаме отпадот, поради несовесните граѓани ги има на многу места во градот. Порачуваме дека градот ќе биде чист ако граѓаните соработуваат во овој правец.  Дебар заслужува да биде почист, велат од претпријатието.

Дека комуналците се во право може да се увери секој доколку прошета низ градот, при што може да се видат празни контејнери, а до нив купишта со смет.И покрај апелите на претпријатието, градежен шут, стар мебел и други предмети со поголем периметар да не се фрлаат кај контејнерите, фотографијата што ја направивме покажува колку тоа се „почитува“.Во акција за поубав град се вклучени и работници на општината, задолжени за одржување на зеленилото во градот, кои моментно вршат закројување на дрворедите. вт/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан