• недела, 05 мај 2024

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација повика на притисок врз Кина и Индија за климата

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација повика на притисок врз Кина и Индија за климата

Женева, 27 ноември 2023 (МИА) - Земјите како Кина и Индија можат да бидат убедени побрзо да се оддалечат од фосилните горива со воведување увозни даноци и други мерки за притисок, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација (СМО), Петери Таалас, цитиран од ДПА.

Тој ја поддржа идејата за прикажување на јаглеродниот отпечаток на пакувањето на производите кои и штетат на климата, слично на прехранбените производи кои покажуваат нутритивни вредности.

-Едно прашање е дали европските земји не можат да извршат комерцијален притисок врз овие земји, нагласи Таалас пред климатската конференција COP28, која започнува во четврток во Дубаи.

Тој додаде дека ова може делумно да се постигне преку увозни даноци, а можни се и потрошувачки кампањи против производите на јаглен.

-Земјите треба да ја разгледаат можноста за вршење таков притисок, нагласи Таалас, посочувајќи дека Германија и ЕУ ги намалија своите емисии повеќе од кој било друг регион во светот.

Земјите од Г7, вклучувајќи ги САД и Канада, исто така постигнаа добар напредок. Нивната задача на Светската конференција за климата е уште еднаш да дадат добар пример и да објават уште построги мерки за заштита на климата и евентуално да привлечат други земји од Г-20. Останатите од Г-20 се одговорни за половина од светските емисии. Кина може да ја промени ситуацијата, истакна генералниот секретар на СМО.

Таалас изрази надеж дека Кина ќе ја забрза својата транзиција кон климатски неутрален развој, така што нејзините емисии ќе го достигнат врвот пред 2030 година и земјата ќе стане климатско неутрална до 2050 година наместо до 2060 година.

Климатски неутрален значи дека една земја не произведува повеќе стакленички гасови повеќе од што можат да апсорбираат нејзините почви, шуми и океани, забележува ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан