• петок, 17 мај 2024

Гевгелиската библиотека распиша награден конкурс за книжевни творби инспирани од творештвото на Франц Кафка

Гевгелиската библиотека распиша награден конкурс за книжевни творби инспирани од творештвото на Франц Кафка

Гевгелија, 9 мај 2024 (МИА) - По повод 100 години од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20 век, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија распиша награден конкурс за книжевни творби.

Според условите на конкурсот, делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела или животот на Кафка. Максимална должина на секоја од творбите е 5.000 зборови.

Творбите да се потпишат со шифра, а на посебен лист да се пополни пријава за учество на конкурсот со следниве податоци: шифра, име и презиме, наслов на испратено дело, телефонски број, e-mail адреса и адреса на живеење.

Пријавите за литературниот конкурс да се испратат на е-адресата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија: bibliotekagevgelija@yahoo.com, најдоцна до 25-ти мај 2024 година.

По завршувањето на конкурсот, ќе бидат доделени парични награди за трите најдобри творби.

Конкурсот е без возрасни ограничувања за авторите или авторките.рт/са/

Фото: Библиотека Гевгелија

Остани поврзан