• четврток, 26 декември 2024

Гвардиола: Нека не исфрлат во петта лига, останувам и ќе се вратиме назад

Гвардиола: Нека не исфрлат во петта лига, останувам и ќе се вратиме назад

Манчестер, 23 ноември 2024 (МИА) - Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити и ќе го води англискиот шампион до крајот на сезоната 2026/2027.

Каталонецот на тој начин конечно стави крај на приказните за неговата иднина во англискиот шампион, кој сезонава се соочува со огромна парична казна поради кршење на финансискиот фер-плеј. Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити би можел да биде казнет со одземање на голем број бодови, па дури и испаѓање.

-Реков и пред шест месеци, ги имате моите интервјуа. Секогаш кога некој клуб е обвинет дека направил нешто погрешно, секогаш се поставува прашањето што ќе се случи ако испаднат. Не знам на каква позиција ќе не доведе ова, можеби ќе не исфрлат во петта лига. Останувам и ќе се вратиме, изјави Гвардиола на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот со Тотенхем.

Сити во оваа рунда влегува со пет бода помалку од лидерот Ливепроол, на кого му гостуваат во големото дерби следната недела на „Енфилд“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан