• сабота, 11 мај 2024

Гвардиола: Мора да победиме на преостанатите осум натпревари и да чекаме

Гвардиола: Мора да победиме на преостанатите осум натпревари и да чекаме

Манчестер, 6 април 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола увери дека неговиот тим е целосно фокусиран на претстојното гостување кај Кристал Палас во сабота.

Сити е трет на табелата во англиската Премиер лига со 67 бодови, еден помалку од второпласираниот Арсенал и три помалку од лидерот Ливерпул.

-Класата на противници е таква каква што е. Затоа треба да продолжиме да се стремиме кон успехот, а на крајот ќе бидеме на јасно дека тимот беше дел од борбата за титулата. Тоа е сигурно. Ако не си ја завршиме работата, тоа нема да го реши проблемот. Мора да победиме на нашите преостанати осум натпревари и да чекаме. Ако се случи, тоа ќе биде добро, но не можеме да ја контролираме ситуацијата. Ние ја контролираме судбината само на нашите натпревари. Тоа е тоа, изјави Гвардиола.

Напаѓачот Ерлинг Халанд, најдобриот стрелец во Премиер лигата со 18 голови, и плејмејкерот Кевин де Бруин останаа надвор од тимот на „граѓаните“ во победата на домашен терен над Астон Вила во средата, а Пеп Гвардиола изјави дека сѐ уште не одлучил дали ќе ги во стартниот состав за натпреварот со Кристал Палас.

-Сè уште не знам. Морам да размислам. Имаме толку многу натпревари. Играме помалку од два и пол дена по нашиот последен натпревар. Некои играчи закрепнуваат побрзо од другите, прокоментира шпанскиот стручњак.дс

Фото: Архива

Остани поврзан