Гвардиола имаше конфликт со Нуњез по дербито на колото во Премиер лигата
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола влезе во конфликт со напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез по вчерашниот дуел во 13. коло од Премиер лигата.

Манчестер, 26 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола влезе во конфликт со напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез по вчерашниот дуел во 13. коло од Премиер лигата.
По последниот судиски свиреж, 24-годишниот Уругваец му пријде на противничкиот тренер, по што тие почнаа жестоко да се расправаат. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп мораше да го одведе напаѓачот.
На прес-конференцијата по дербито Гвардиола беше прашан за инцидентот по натпреварот со Нуњез, но тој не одговори.
Средбата заврши нерешено 1:1.
Манчестер сити со 29 бода е втор во Премиер лигата по 13 натпревари. Ливерпул има 28 и е трет во поредокот. зс/
Фото: ЕПА