Познати сите учесници на машкото одбојкарско Европско првенство 2026
- Со одигрувањето на завршните квалификациски пресметки, познати њњсе сите учесници на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција, кое следната година ќе се одржи во Италија, Бугарија, Романија и Финска.
Скопје, 19 август 2025 (МИА) – Со одигрувањето на завршните квалификациски пресметки, познати њњсе сите учесници на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција, кое следната година ќе се одржи во Италија, Бугарија, Романија и Финска.
Вкупно 24 репрезентации, меѓу кои и македонската, ќе се натпреваруваат на Европското првенство 2026.
Домаќините Италија, Бугарија, Романија и Финска директно се квалификуваа за Европското првенство, а своето учество на претходниот континентален турнир го обезбедија Полска, Словенија, Франција, Србија, Холандија, Украина, Германија и Португалија.
Преку седумте квалификациски групи, место на ЕП 2026, заедно со македонската одбојкарска репрезентација, обезбедија и Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција, Латвија, Турција, Израел и Шведска.
Европското првенство ќе се одржи од 9 до 27 септември, а бранител на титулата е Полска.
Натпреварите ќе се играат во Неапол, Модена, Торино, Милано, Варна, Клуж и Тампере.
Жрепката на групите за Европското првенство ќе се одржи на 4 октомври оваа година во Бари. ег
ФОТО: ОФМ