• петок, 14 јуни 2024

Гвардиола го достигна рекордот на Анчелоти по освоени Суперкуп трофеи

Гвардиола го достигна рекордот на Анчелоти по освоени Суперкуп трофеи

Атина, 17 август 2023 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити синоќа со својот тим го освои Суперкупот на УЕФА, откако во Атина ја победи Севилја на пенали со 5:4.

 

За шпанскиот фудбалски стручњак ова е четврти трофеј во ова натпреварување израмнувајќи се со рекордерот на Карло Анчелоти.

 

Двајцата тренери никогаш не загубиле финале на УЕФА Суперкупот. Гвардиола победи со Барселона во 2009 и 2011 година, со Баерн во 2013 година и со Манчестер сити во 2023 година. Анчелоти со Милан во 2003 и 2007 година и со Реал Мадрид во 2014 и 2022 година.

 

Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА за прв пат во историјата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан