Хезоња сака да остане во Реал
- Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња најави оти сака да остане во редовите на Реал Мадрид непосредно откако синоќа ја освои шампионската титула во Шпанија.
Мадрид, 13 јуни 2024 (МИА) – Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња најави оти сака да остане во редовите на Реал Мадрид непосредно откако синоќа ја освои шампионската титула во Шпанија.
Во третиот натпревар од финалето на плејофот, Реал Мадрид на гости ја совлада УКАМ Мурсија со 84-73 и со вкупни 3-0 во серијата до три победи го освои шампионскиот пехар.
Хезоња постигна 17 поени, а во моментов преговара со раководството за продолжување на договорот кој му истекува за три недели.
„Сезонава загубивме само натпревар во кој одигравме лошо и поради кој останавме без титула“, рече тој, осврнувајќи се на поразот од Панатинаикос во финалето на Евролигата.
„Се чувствувам многу лошо поради тоа, па би сакал да им се оддолжам на нашите навивачи, на мојот клуб, Реал Мадрид … Би сакал да им се оддолжам во наредните години со уште многу титули. Се надевам дека ќе биде така“, додаде 28-годишниот Хезоња.
Српските медиуми неодамна објавија дека Хрватот Хезоња е транфер цел на белградски Партизан. ег ФОТО: Фејсбук