• петок, 26 април 2024

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Манчестер, 18 април 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по елиминацијата од Реал Мадрид (1:1, пен. - 3:4) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Би сакал да победевме, но честитки за Реал Мадрид. Направивме сè што можевме, одигравме исклучително во сите аспекти. За жал, не успеавме да победиме. Во фудбалот, главната работа е да се постигне гол. Тие се снајдоа подобро од нас во пенал рулетот. Тие се во полуфинале, ние не. Сè беше одлучено од ситниците. Некогаш победуваш на пенали, понекогаш не, изјави Гвардиола за прес-службата на УЕФА.

Реал Мадрид во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра против Баерн.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан