• петок, 17 мај 2024

Гатузо за Анчелоти: Имавме проблеми, но го почитувам како тренер и како личност

Гатузо за Анчелоти: Имавме проблеми, но го почитувам како тренер и како личност

Ријад, 11 јануари 2023 (МИА) - Тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо, зборуваше за неговиот однос со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија.

- Имавме лични проблеми за кои не сакам да зборувам. Кога го тренирав Наполи, медиумите велеа дека се е во ред со тимот, но имаше проблеми. Анчелоти знае дека многу го почитувам. Имавме недоразбирања околу работата. Но, зборуваме за еден од најдобрите тренери во светот. Како личност и фудбалски стручњак имам голема почит кон него, изјави Гатузо на прес-конференција.

Анчелоти беше тренер на Наполи во сезоната 2018/19. По отказот, Гатузо се приклучи на клубот од Неапол.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија ќе се одигра на вечер во Ријад со почеток во 20 часот. зс/

Остани поврзан