• сабота, 29 јуни 2024

Гасперини: Можев да бидам побогат во Премиер лигата, но помалку среќен

Гасперини: Можев да бидам побогат во Премиер лигата, но помалку среќен
Бергамо, 7 ноември 2021 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини ја прослави победата број 200 во Серија А, откако неговиот тим вчера го совлада Каљари со 2:1. Гасперини изјави дека е среќен во Бергамо. - Се надевам дека ќе успеам да извојувам уште многу победи, бидејќи не паметам ниту една лесна. Среќен сум во Италија, во Бергамо, начинот на живот е од големо значење. Понекогаш размислувам за Премиер лигата и понудите што ги добивам. Можев да одам во Англија и да бидам побогат, но помалку среќен. Јас не живеам само на теренот, изјави Гасперини. Под негово водство Аталанта бележи одлични резултати последните години и постојано е при врвот на табелата и со изборено учество во евро-куповите. зс/

Остани поврзан