• сабота, 27 јули 2024

Гави успешно опериран

Гави успешно опериран

Барселона, 28 ноември 2023 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона соопшти денеска дека врз 19-годишниот играч на каталонскиот клуб Гави е извршен успешен оперативен зафат на десното колено.

Гави ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото на неодамнешниот евроквалификациски натпревар меѓу Шпанија и Грузија. Барселона не прецизираше колку долго ќе трае неговата рехабилитација, а шпанските медиуми објавија дека Гави ќе отсуствува од теренот во следните осум месеци.

Тоа ќе значи дека еден од најталентираните светски фудбалери ќе го пропушти остатокот од сезоната во шпанското првенство и Лигата на шампиони, а сè уште е неизвесно дали евентуално ќе биде подготвен за ЕУРО2024 и Олимписките игри 2024 во Париз.

Гави дебитираше за Барселона на 17-годишна возраст и досега на 111 натпревари постигна седум голови за каталонскиот клуб. ег/сд

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан