• понеделник, 04 март 2024

Вучиќ: Курти со апсењето на Србинот се обидува да предизвика војна

Вучиќ: Курти со апсењето на Србинот се обидува да предизвика војна

Белград, 13 јуни 2023 (МИА) - Единствена тема на разговор на српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонскиот разговор со тројца американски сенатори, Крис Марфи, Џин Шахин и Пит Рикетс, беше ситуацијата на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

- Претседателот Вучиќ јасно и недвосмислено им порача на американските сенатори дека денешното апсење на Милун Миленковиќ е провокација и злосторство на Албин Курти, со кое тој се обидува да предизвика војна во срцето на Европа. Исто така, претседателот Вучиќ рече дека Србија прави сè што може за да го зачува мирот, но дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на најжестоката тортура и прогон во последните петнаесет години, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.

Во него се додава дека сенаторите Марфи, Шахин и Рикетс му рекоа дека бараат воздржаност и повици за мир од Србија, бидејќи тоа е во најдобар интерес на сите во Западен Балкан.

Од кабинетот на српскиот претседател за утре најавија средба на Вучиќ со претставници на земјите на Квинта-САД, Голема Британија, Франција, Германија, Италија, како и со шефот на европската делегација во Белград. об/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан