• понеделник, 23 декември 2024

Вупи Голдберг критикувана за изјава за холокаустот

Вупи Голдберг критикувана за изјава за холокаустот
Лос Анџелес, 1 февруари 2022 (МИА) - Американската глумица и водителка Вупи Голдберг предизвика остри критики кон себе откако во своето ток-шоу рече дека холокаустот „не бил поврзан со расата“ и дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите и Ромите биле вклучени „две групи бели луѓе“. Оскаровката, која е водителка на „Поглед“ (The View) од 2007 година, на својот ководител му кажа: - Мислам, тоа е холокаустот - убиството на шест милиони луѓе, но тоа не ви пречи? Тогаш ајде да бидеме искрени. Бидејќи холокаустот не е за раса. Не, не се работи за раса. Нејзиниот кодомаќин Џои Бехар се надоврза дека нацистите ги сметаат Евреите за различна раса. - Но, се работи за надмоќ на белата раса, надополни водителката Ана Наваро. - Се работи за прогон на Евреите и Ромите. Водителката Сара Хејнс продолжи дека нив нацистите не ги сметале за бели. Американскиот музеј на холокаустот има истакнато: „Расизмот беше средишна точка на нацистичката идеологија. Евреите беа дефинирани не според религијата, туку според расата. Нацистичките расистички уверувања поттикнаа геноцид и масовни убиства“. Наспроти лавината критики, Голдберг подоцна се извини. „Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност од човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ ширум светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што ја нанесов“, напиша Голдберг на Твитер.  си/сд/

Остани поврзан