• сабота, 13 декември 2025

Втор пораз за македонските кошаркари на ЕП во Белград

Втор пораз за македонските кошаркари на ЕП во Белград

Белград, 27 јули 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација попладнево загуби од Грција со 83:55 во 2. коло на Европското првенство до 18 години што се игра во Белград.

Ова е втор пораз за „црвено-жолтите“ по вчерашниот од Литванија.

Данев се промовираше во прв стрелец во нашата репрезентација. Реализираше 17 поени, имаше и пет скока и две успешни додавања.

По две одиграни кола во групата „Ц“, Македонија има два порази, Грција е на половичен ефект, (1-1). Нешто подоцна, од 18.30 часот, ќе играат репрезентациите на Србија и Литванија.  

Во третото коло од групната фаза, утревечер од 18:30 часот, Македонија игра против селекцијата на Србија. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан